Македонските надежи со пораз го завршија настапот на „Миљан Миљаниќ“!

Фудбалската репрезентација на Македонија до 16 години како последна го заврши настапот на Меморијалниот турнир „Миљан Миљаниќ“, откако денеска во Стара Пазова (Србија) загуби и во натпреварот за третото место.

Избраниците на селекторот беа поразени од Унгарија (2-1), во меч во кој противникот се покажа како подобар тим и ја заслужи победата.

Ова беше втор пораз за македонските надежи, откако претходно беа поразени и од домаќинот Србија, која против Црна Гора ќе игра во финалето на турнирот.