Очекувано: УЕФА ги одложи натпреварите од ЛШ и Лига Европа!

Преостанатите натпревари во Лигата на шампионите и Лигата на Европа кои беа  закажани за следната недела се одложени поради претпазливот за ширење на коронавирусот, потврдија од Европската куќа на фудбалот - УЕФА.

Дуелот меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, како и реваншот од осминафиналето меѓу Јувентус - Лион и Баерн - Челси се одложени. Од претходно беше познато дека Барселона и Наполи нема да го одиграат натпреварот, бидејќи Италија е епицентарот на коронавирусот. Овие мечеви првично требаше да се одиграат без присуство на публика, но од УЕФА се одлучија за целосно одложување.

Згора на тоа, и осумте реванши од осминафиналето во Лигата на Европа кои беа предвидени за наредната недела исто така се откажани.