
„Ништо не е готово со Лозана, сакаме да одиграме најдобро што знаеме!“
Седлоски посочи дека уште ништо не е готово во дуелот против Лозана, иако Вардар има предност од 2-1 од првиот натпревар во Скопје.
„Одигравме само едно прво полувреме од овој двомеч. Далеку дека било што е готово. Ние одиме утре да покажеме што можеме и колку можеме. Вардар ќе тргне максимално ангажирано, одговорно и прагматично. Ќе се обидеме максимално да сме фокусирани и да ги искористиме шансите“, кажа Седлоски.
Тренерот на „црвено-црните“ откри дека фудбалерите полека се прилагодиле на условите на теренот и ќе се обидат да одиграат најдобро што знаат.
„Горан Закариќ е со нас во тимот исто така како што беше и во Скопје. По денешниот тренинг ќе одлучам што и како околу составот. Што се однесува до вештачката трева, ние сме подготвени на се. Трениравме на неа, вештачки терен имаме во нашата база. Тоа воопшто не е тема за нас. Ние гледаме да одиграме како што знаеме и умееме, како што покажавме и во Скопје. Посакувам добар меч, против сериозен ривал. Па нека победи подобриот“, додаде тренерот.
Натпреварот меѓу Лозана и Вардар се игра утре од 20.15 часот.