Ние Македонците сме стручњаци за „пет до 12“: Билетите за Вардар - Фенер „исчезнаа“!

Изгледаше дека билетите за натпреварот меѓу Вардар и Фенербахче нема да бидат распродадени, дури и откако нивната цена беше спуштена на 300 денари, но на три часа до почетокот на мечот, не ќе да е така - тие „мистериозно исчезнаа“.

Денов почна со околу 6.000 достапни билети на онлајн-сервисот „Тикет плус“, а во раните попладневни часови имаше околу 5.000. Работите растично се сменија штом помина 16 часот, а со него и крајот на работното време на мнозинството граѓани.

За неполни 60 минути, бројот на достапни билети мистериозно се намали, а во моментот кога се крираше оваа вест за купување имаше 1.500, на четири блока: 7, 8, 9 и 13. До почетокот на натпреварот има уште три часа (20.00) и со оглед на ваквата навала тешко дека ќе остане слободен билет за најголемиот натпревар на Вардар во последнава деценија.