Мурињо: До последен ден од животот ќе го повторувам истото – не загубивме од Севилја!

Повеќе од четири месеци минаа од финалето во Лига Европа во кое Рома загуби на пенали во битката за пехарот од Севилја, ама Португалецот Жозе Мурињо не може да го преболи тој меч.

Рома денеска тргнува во нова европска авантура со гостување кај молдавски Шериф, а Мурињо кој доби голема суспензија поради своето вулгарно и насилно однесување кон судијата на финалето во Будимпешта, повторно се наврати на мечот за кој тврди дека – не го загубиле.

„Јас до последен ден од животот ќе го зборувам истово – не загубивме од Севилја во финалето во Лига Европа. Не го загубивме финалето и нема да се предомислам да кажам друго“, рече Мурињо.

Португалецот е казнет од УЕФА на четири меча за однесувањето на тоа финале и после него, кога го нападна судијата во подтрибинскиот простор.