
Луис Енрике: Ние сме од селска лига, затоа ги победивме сите англиски екипи
На патот до него, францускиот првак елиминира три екипи од Премиер лигата (Ливерпул, Астон Вила и Арсенал) која за многумина е најсилна во светот. Освен тоа, во лигашкиот дел го победи и Манчестер Сити. Луис Енрике имаше коментар за ваквиот развој на настаните, а во исто време ги пецна сите оние кои ја потценуваат Лига 1.
„Ги победивме сите четири екипи од Премиер лигата со кои игравме. Ние сме од селска лига, знаете? Затоа ги победивме“, ликуваше Енрике.
Послабите лиги низ Европа, љубителите на фудбалот подбивно ги нарекуваат „Farmer's league“ (лига на фармери, селани...) со што се обидуваат да нагласат дека не се компетитивни, атрактивни и дека се полни со анонимни фудбалери. Англичаните така ја нарекуваат и Лига 1 затоа што во последните 13 сезони, дури 11 пати шампион ПСЖ.