Исак со коментар за Мбапе си ја „затвори вратата“ за трансфер во Барселона
Њукасл за неговите услуги бара 100 милиони евра, а интерес покажаа Челси, Ливерпул, Манчестер јунајтед, ПСЖ и Барселона, која очигледно ќе се повлече од трката по последната изјава на Исак.
Шпанските медиуми пишуваат дека Исак со неговата изјава за најдобар фудбалер во светот си ја „затворил вратата“ за преселба во Барселона.
„Најдобар фудбалер во светот? Морам да кажам дека тоа е Килијан Мбапе“, кажа Исак.
Фото: Facebook/Newcastle