
Париз како воена зона - големи нереди по победата над Арсенал! (ВИДЕО)
Најмалку три лица се повредени во намерно предизвикана несреќа откако автомобил се залета во масата луѓе во текот на славјето, пренесува „Франс прес“.
Инцидентот се случил во близина на Шанз-Елизе. Париската полиција во три часот наутро извести дека 43 лица се уапсени, имало запалени автомобили и направена е голема штета на продавници.
„Ле Паризиен“ додава дека хулигани фрлале предмети на полицијата која морала да употреби и солзавец за да ја расчисти масата. Главниот полициски синдикат се пожали на социјалните мрежи поради хаосот кој се случуваше во Париз.
„Каква врска има ова со спортот? Ова се сцени кои не смеат да се случуваат после победа. Штета, запалени автомобили... долга ноќ за нашите колеги во Париз“, напишаа од синдикатот.