
Ал-Хилал тропна на вратата на Инзаги, но Интер му нуди нов - подобар договор!
Ал-Хилал му испратил понуда и чекаат одговор од италијанскиот стратег, но се очекува тој да биде негативен.
Италијанските медиуми пишуваат дека Инзаги е на чекор до продолжување на соработката со Интер.
Клубот му нуди договор до јуни 2027 година со поголема плата од онаа која сега ја добива.
Инзаги за три години, двапати го однесе Интер во финалето од Лигата на шампионите.
Во минатото финале загуби од Манчестер Сити, сега против ПСЖ ќе има нова шанса да го освои големиот трофеј.