Љуботен не шутна на гол, прими „десетка“ и ги заврши квалификациите за Лигата на шампионите
На турнирот што се одржува во холандскиот град Еншеде, тетовскиот клуб загуби со 0-10 од екипата на Валур од Исланд. Дека на Љуботен му се заканува дебакл беше јасно по само пет минути игра бидејќи тогаш противникот веќе водеше со 2-0. Во 19. беше 4-0, а до полувремето Валур дојде и до петтиот гол.
Во продолжение се разигра Тригвадотир која постигна хет-трик, па на крајот Љуботен си замина со двоцифрен пораз. На крајот, Валур имаше дури 37 шута кон голот на македонскиот првак од кои 18 во рамките, додека Љуботен не упати ниеден директен удар. За Валур ова е највисока победа на европска сцена, надминувајќи го досегашниот рекорд од дуелот против Хапоел Холон во 2008 година кој изнесувал 9-0.
Исланѓанките ги продолжуваат квалификациите и во следната фаза ќе се сретнат со победникот од дуелот меѓу домаќинот Твенте и Кардиф Сити.