Легендата на Ливерпул: Реал ја освојува Лигата на шампионите

Мајкл Овен играше и во Ливерпул и во Реал Мадрид, тимовите кои на 26 мај ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите во Киев.

Во тимот на Ливерпул остави длабока траги и за осум минати години на „Енфилд“ постигна 158 погодоци. Иако тоа е негов клуб, предност во финалето му дава на Реал, каде помина само една сезона.

„Ќе се сретнат два различни стила. Ливерпул игра добро против гигантите и сака да напаѓач, но и да го има поседот, а Реал е фаворит бидејќи секогаш е најдобар кога е најтешко. И поодамна изјавив, повторно тие ќе ја освојат Лигата на шампионите“.

Поранешниот репрезентативец на Англија очекува квалитетен и интересен меч на „Олимпискиот стадион“ во Киев за осум дена.

„Мислам дека ќе биде одлично финале со многу голови. Ливерпул е силен, Реал има големо искуство на вакви натпревари и играчи кои решаваат, како Роналдо, Иско... Да ве потсетам дека Ливерпул беше шампион на Европа во 2005 година, а сега има посилен тим од тогаш“, наведе Овен.