Куман одлучил кого ќе повика на местото на повредениот Де Јонг

Репрезентацијата на Холандија е една од селекциите која се соочува со проблеми со повредени фудбалери пред Европското првенство, па така селекторот Роналд Куман беше приунден да направи една промена во ростерот.

Френки Де Јонг поради повредата на зглобот нема да биде во можност да и помогне на својата репрезентација. Неговото отсуство е веќе потврдено, меѓутоа неизвесен е Тен Компјанерс кој се пожалил на болки во мускулот на загревањето пред вчерашниот натпревар против Исланд.

Додека се чекаат тестовите од прегледите на Компјанерс, Куман веќе одлучил кој ќе го замени Де Јонг.

Станува збор за фудбалерот кој блескаше во Борусија Дортмунд, 22-годишниот Иат Матсен. Матсен одигра одлична сезона во дресот на „милионерите“ и беше еден од најважните во походот до финалето во Лигата на шампионите..

Медиумите во Холандија и со изненадување ја дочекаа веста дека тој не е помеѓу 26. фудбалери кои ќе патуваат во Германија, но со повредата на Де Јонг доби шанса за повик и ќе ја чека својата прилика.