Кошмар за Холандија: Неизвесен за ЕП е уште еден важен фудбалер во средниот ред

Веќе е потврдено дека Холандија нема да може да смета на услугите на Френки Де Јонг за Европското првенство и тоа секако е тежок удар за амбициите на оваа репрезентација, но проблемите за селекторот Роналд Куман може да бидат и поголеми.

Имено, во вчерашниот последен контролен натпревар пред Европското првенство против Исланд, Холандија беше без фудбалерот на Аталанта, Тен Компајнерс. Играчот од средниот ред ја пропуштил таа средба поради проблем со мускулот.

Планот на Куман бил Компајнерс да игра против Исланд, но откако фудбалерот се пожалил на загревањето бил испратен на дополнителни тестови кои ќе покажат од каков карактер е повредата.

Во случај да не може да настапи на Европското првенство, тоа ќе биде сериозен удар за Холандија бидејќи би останала без уште еден важен фудбалер во средниот ред.