Компани ќе биде само гледач во Париз - не смее никако да комуницира со тимот!
Германскиот весник „Билд“ објаснува колку ќе биде строга УЕФА со суспензијата на Компани и како ќе го контролира тренерот.
Откако вечерва ќе пристигне со тимот на стадионот во Париз, мора веднаш да биде разделен од своите фудбалери.
Не смее да влезе во соблекувалната, ниту да користи телефон или било какви средства за комуникација.
Ќе го следи мечот од приватен „бокс“ на стадионот под супервизија од УЕФА.
Ваквата ситуација е фрустрирачка за него бидејќи тој секој меч го подготвува во детали и така го води тимот и во текот на натпреварот.
Белгискиот стратег сигурно ќе му даде многу инструкции на својот помошник кој ќе биде на клупата во улога на прв тренер.