Тажен крај: Салах веќе го одигра последениот меч за Ливерпул!

Докторот на репрезентацијата на Египет потврди дека поради повредата Мохамед Салах нема да може да настапува за Ливерпул до крајот на сезоната.

Ливерпул не се огласи официјално со детали за повредата на Салах која ја заработи на мечот со Кристал Палас, но веќе по натпреварот можеше да се претпостави дека тука е крајот на неговото неверојатно поглавје во црвениот дрес.

„Кога Салах ќе побара да го напушти теренот, тоа ви кажува се. Ви останува само да чекате и да дознаете колку е сериозно“, рече тогаш Слот по мечот.

Деталите се појавија од репрезентацијата на Египет.

„Заработи руптура на тетивата на коленото и ќе му требаат четири недели да се опорави“, рече докторот на египетската репрезентација, Ибрахим Хасан за „Ројтерс“.

Ова значи дека Салах нема да може да се збогува со навивачите на Ливерпул на начинот на кој сакаше и начинот на кој заслужува.

На Ливерпул му остануваат уште четири меча до крајот на сезоната, а последниот е со Брентфорд на Енфилд. Се очекува тогаш Салах  да има свечено испраќање иако нема да може да игра.