Синер во Мадрид ја продолжува неверојатната форма!
Италијанецот е во фантастична форма, ова за него беше 20. победа по ред, а со оглед на отсуството на Алкараз, големи се шансите да запише уште еден освоен турнир во серија.
Денеска со 6-2 и 7-5 го совлада Нори и се пласира во четврт финалето во Мадрид.
Синер пред да дојде на турнирот во Мадрид ги освои Индијан Велс, Мајами и Монте Карло.
По Мадрид, треба да настапи на домашно тло во Рим, па на ред ќе дојде грен-слем турнирот Ролан Гарос.