Коментатор падна во транс - урлаше на цел глас по голот на Јанжа (ВИДЕО)

Словенија беше аутсајдер во дуелот против Данска во првото коло од групата Ц, меѓутоа освои бод, а по натпреварот во центар на внимание е еден словенечки коментатор.

Кристијан Ериксен во 17. минута погоди за водство од 1-0 на Данска, но Ерик Јанжа еден час подоцна погоди за конечни 1-1.

Јанжа испрати одличен удар, а топката на патот кон мрежата на Шмајхел удри во еден од ривалите, а тоа предизвика бурно славје кај словенечки коментатор.