
Италијанците со тешки обвинувања: УЕФА ѝ помага на Англија поради Суперлигата!
„Газета дело Спорт“ објави текст во кој пишува дека Европската фудбалска унија (УЕФА) и Александар Чеферин сакале да ѝ се одолжат на Англија и премиерот Борис Џонсон.
Џонсон беше директен противник на европската Суперлига, која пред неколку месеци доживеа целосен распад, откако се повлекоа премиерлигашите.
„Италија, внимание: Англија е во финале по политичка помош. Пеналот досуден за тимот на Саутгејт помогна во елиминацијата на Данска“, пишува медиумот.