Историјата покажува: Баерн на први мај не губи против Шпанци!

Два пати во 21. век, Баерн Минхен успевал да победи против шпански клубови на први мај, а дали ќе му успее истото вечерва, ќе дознаеме од 20.45.

Вечерва се игра реванш-натпреварот во полуфиналето на Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и баварскиот клуб, а актуелниот шампион на Германија се соочува со голем предизвик.

Интересно е тоа што Баерн дури два пати на први мај успеал да победи против двата најголеми шпански клубови, па така навивачите на Баерн се надеваат дека традицијата ќе продолжи.

На први мај 2001. година, Баерн ги победи „кралевите“ со 1-0, а 12 години подоцна на истиот датум ја победи Барселона со 0-3.