Ираола на маки: Ливерпул утре во ЛШ ќе биде без осум првотимци

Eкипата на Ливерпул се соочува со огромни проблеми во пресрет на утрешното гостување кај австриски ЛАСК во Лигата на шампионите.

Андони Ираола за овој натпревар нема да може да смета на дури осум првотимци од свбојот состав. Доминик Собослаи поради повреда нема ќе биде отсутен и утре, исто така Исак и Гакпо. Ова трио беше надвор од конкуренција за настап и за дербито со Манчестер сити изминатиот викенд.

Екитике исто така е повреден подолго време, а уште најмалку еден месец ќе ги нема Бредли и Леони.

Освен тоа Ираола во Лигата на шампионите не може да смета на Ендо и Киеза, двајцата не се регистрирани за ова натпреварување. Според најавите повторно како и против Сити на теренот во нападот се очекува Кумас, но и Рио Нгумоха.

ЛАСК и Ливерпул се среќаваат утре во терминот од 18:45 часот.