Гаштаров продолжува да блеска: Доби место во тимот на колото! (ФОТО)
Гаштаров веќе е неизоставен дел од тимот на Ријера, па така беше и на дуелот со Раднички кој Звезда на гости го доби со 3-0.
На теренот нашиот репрезентативец во овој дуел беше до 79-тата минута и повторно беше помеѓу најзаслужните за победата. Заедно со Гаштаров во тимот на колото се најдоа и неговите соиграчи, Бамба Диенг и Стефан Гудељ.
