Историски договор: Ф1 се враќа во Африка по речиси четири децении!

Формула 1 се враќа во Африка по пауза од речиси четири децении, откако Руанда потпиша десетгодишен договор за организирање на трки во „најбрзиот циркус“ во светот, а првата трка се очекува по 2030 година.

Договорот беше потпишан на 13 октомври на настан во главниот град Кигали, на кој присуствуваа претседателот на Руанда, Пол Кагаме, извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, и претседателот на Светската автомобилска федерација (ФИА), Мохамед Бен Сулејем.

Трката а ќе се одржува на нова патека во Бугесера, на околу 40 километри јужно од Кигали, во близина на новиот меѓународен аеродром.

За проектот се предвидува патека дизајнирана од поранешниот австриски возач Алекс Вурц, со учество на компанијата на инженерот Херман Тилке, позната по проектирањето на повеќе патеки во календарот на Формула 1.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by FORMULA 1® (@f1)