Лазаров без Гогов и Николов ќе тргне по „седум од седум“ против Луксембург!

Селекторот Кирил Лазаров ги изостави Васил Гогов и Филип Николов од конечниот список за вечерашниот премиерен натпревар против Луксембург (19 часот), со кој македонската ракометна репрезентација ги отвора квалификациите за ЕП 2028 година.

Македонскиот стратег мораше да го скрати првичниот поширок список од 18 ракометари, што резултираше со преселба на двајцата на трибините. Шанса за дебитантски настап пред домашната публика добива и новото име во националниот дрес, Дмитро Горига, од кого се очекува да биде сериозно засилување во ростерот.

Нашата селекција влегува во оваа пресметка со апсолутна фаворитска улога, за што показател се и шете победи во исто толку меча против овој противник. Македонија на Луксембург ќе му се спротивстави со Томовски, Галевски, Костески, Петковски, Атанасијевиќ, Ристевски, Аларов, Лазаревски, Стојковиќ, Горига, Кузмановски, Д. Митев, М. Митев, Ѓорѓиев, Серафимов и Велковски.