Мурињо го краде 16-годишното „чудо од дете“ на Манчестер Јунајтед!
Овој 16-годишен офанзивен играч за врска требаше да добие минутажа уште во првиот дел од тековната сезона и беше планиран за настап на помалку важните натпревари во куп-натпреварувањата, но ги изненади сите во стручниот штаб со својата неочекувана одлука да побара раскин на договорот.
Огромниот потенцијал на младиот фудбалер предизвика сериозен интерес кај многу европски гиганти. Тој пред неколку дена веќе одби конкретна понуда од францускиот ПСЖ, а иако во трката за неговиот потпис активно беше вклучена и Барселона, каталонските медиуми признаваат пораз во оваа битка.
Според наводите на шпанските медиуми блиски до Барселона, пред сè „Мундо Депортиво“, Габриел својот развој ќе го продолжи токму во редовите на лутиот ривал Реал Мадрид. Постои голема веројатност мадридскиот клуб во текот на следните неколку дена и официјално да го потврди овој трансфер, најавувајќи го како голема победа на Жозе Мурињо.