Ново име во Куманово - потпиша искусен српски центар!

Екипата на Куманово пред продолжение од сезоната доби ново засилување во своите редови и тоа Стефан Фундиќ кој може да игра како крилен центар и центар.

Станува збор за кошаркар роден 30 јуни 1994 година во Белград и е висок 200 сантиметри.

Во Куманово пристигнува со големо искуство од екипите на: Беовук 72, Вршац, Мега Бемакс, Задар, Игокеа, Гисен 46ерс и Младост Земун и Борац Чачак каде што го имаше последниот ангажман.

Низ кариерата освојуваше и трофеи, со Игокеа беше шампион на БиХ во 2022 година, а го освои и националниот куп на оваа земја истата година и една порано. Како кошаркар на Задар дојде и до трофејот во Купот на Хрватска.