Зверев по речиси тричасовна драма со Бублик до четвртфинале во Шангај

Александар Зверев, тенисерот кој сигурно ќе стане светски рекет број еден до крајот на годината, се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај, откако во вистински спектакл го совлада Александер Бублик со 7-6(6), 4-6, 7-6(1).

Мечот можеше да оди и на двете страни. Зверев покажа дека е цврст и дека не се предава лесно, па преку два тај-брејка, три сета и два часа и 40 минути игра стигна до голем триумф.

Сега прашање е само кога, до крајот на сезоната, ќе ја преземе првата позиција на АТП-листата, но тоа нема да може да се случи до крајот на турнирот во Шангај. Со освојување на титулата, евентуално би можел да го направи тоа во следните две недели, но до крајот на оваа недела тоа нема да биде возможно.

Во моментов, поважно му е да се обиде да освои уште една голема титула оваа година, а на следната пречка го очекува Алекс де Минор.

Фото: ATP Tour