Aнтонели шампион може да стане уште на следната трка!

До крајот на овогодинешниот шампионат во Формула 1 остануваат уште шест трки, под услов да се одржат последните две, закажани во Катар и Абу Даби. Сепак, Кими Антонели веќе на следната трка би можел да стане најмладиот шампион во историјата.

Возачот на Мерцедес, по расплетот на исклучително возбудливиот тркачки викенд во Сингапур, има 102 бода повеќе од својот тимски колега Џорџ Расел. Се чини дека освојувањето на титулата за младиот Италијанец во овој момент е само формалност, со оглед на предноста во однос на ривалите.

Првата можност да стане најмладиот шампион во историјата и да го надмине рекордот на Себастијан Фетел, Антонели ќе ја има на Големата награда на САД, која е на програмата од 23 до 25 октомври.

Италијанецот може да ја освои титулата уште во Тексас, но само доколку победи и се исполнат уште неколку услови, Расел да заврши најдобро на деветтото место, а Хамилтон да не биде меѓу првите четворица.

По трката во Остин ќе останат уште 125 бода, а потоа следуваат трките во Мексико Сити, Бразил, Лас Вегас, Катар и Абу Даби.