И Валенсија го мачи Мурињо пред Валенсија!

Манчестер јунајтед никако да излезе од кризата, а очигледно се ближи крајот на Жозе Мурињо, кој не е во добри односи со играчите, па атмосферата во соблекувалната на „Олд Трафорд“ е очајна.

Мурињо си има големи проблеми со Пол Погба, кој се закани дека ќе си замине доколку Португалецот остане на клупата на „црвените ѓаволи“, а сега се појави уште еден проблем.

Англиските медиуми пишуваат дека капитенот на Јунајтед, Антонио Валенсија, речиси не зборува со Мурињо, па така тој е уште еден во серијата на играчи кои не се во добри односи со Португалецот.

Тимот на Мурињо се подготвува за дуелот против Валенсија во Лигата на шампиони. Португалецот не беше сигурен во својот играч, кој не покажа добри настапи за време на подготовките пред почетокот на сезоната во Премиерлигата, па очигледно од тогаш почнале лошите односи меѓу двајцата.

Мурињо на прес-конференцијата пред Валенсија кажа дека делумно се сложува со изјавата на Лук Шо, кој застана во негова одбрана.

„Лук Шо кажа нешто со што се сложувам делумно бидејќи и јас сум дел од тоа. Тој кажа дека играчите се виновни за резултатите, но јас сметам дека секој има своја улога и одговорност во тимот“, кажа Мурињо.

Да потсетиме, Манчестер јунајтед и Валенсија вечерва играат од 21 часот на „Олд Трафорд“ во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони.