Синер ги загрижи фановите: Ќе играм на „Ролан Гарос“ само ако бидам 100% подготвен

Вториот светски рекет Јаник Синер би можел подолго време да биде надвор од терените откако вчера го откажа своето учество од Мастерсот во Рим.

Претходно, Италијанецот го предаде својот меч против Феликс Оже-Алијасим во четвртфиналето од турнирот во Мадрид, но многу полошо за него е тоа што има повреда која му се заканува да му ја уништи сезоната. Во моментов, неизвесен е неговиот настап и на „Ролан Гарос“.

„Ќе играм во Париз само ако бидам 100% подготвен. Не сакам да влегувам во детали на повредата, прво мислевме дека не е ништо сериозно, но анализите и скенерот покажаа дека постои нешто што не е во ред. Можеби ќе ми треба време за да заздравам целосно, а не сакам да загубам три години од својата кариера. Ме боли што не играм сега, но ама морам да се осигурен дека моето тело ќе оздрави и тоа е најважна работа“, изјави Синер.

Тој се уште има голема шанса по „Ролан Гарос“ да застане на првото место на АТП листата, но за тоа е потребно да настапи на овој турнир и да ја освои титулата.