Реми на „Олимпико“ кое не ѝ одговара на Рома (ВИДЕО)

Екипите на Рома и Јувентус ремизираа вечерва (1-1) во дербито на 35. коло од Серија А, но таквиот исход повеќе му одговара на торинскиот тим.

Рома само со победа остануваше во игра за петтото место кое води во Лигата на шампионите бидејќи сега има три бода повеќе од шестопласираната Аталанта, но со два меча плус. Сепак, одлуката за тоа кој ќе оди во елитното натпреварување најверојатно ќе падне идната недела кога Рома гостува токму кај Аталанта.

Денешниот натпревар понуди многу возбудувања и мноштво шанси на двете страни. Головите беа постигнати во првите 30 минути, отвори Рома преку Лукаку, а израмни Бремер по што на сцена стапија голманите на двете тима. Блескаа Свилар и Шчесни кои имаа неколку спектакуларни интервенции и спречија нивните мрежи да се тресат повеќе пати.

Пред крајот на мечот Свилар го одбрани ударот со глава на Мојс Кеан, а во судиското продолжение Шчесни не дозволи да биде совладан во ситуација „еден на еден“ со Ејбрахам.