Димитријевиќ станува „манекен“ - три години ќе игра за Олимпија Милано! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ наскоро ќе го напушти Уникс Казан и ќе потпише за италијанскиот гигант Олимпија Милано со што ќе добие шанса за настап во Евролигата.

Димитријевиќ оваа сезона е лидер на Уникс и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната, а италијанските медиумите пишуваат дека без сомнеж би бил големо засилување за Армани Милано.

Според шпекулациите од Италија, Димитријевиќ се очекува да потпише тригодишен договор со „манекените“ и да стане нивно второ засилување за следната сезона по Џош Нибо.