Погба објасни што се случува со Мурињо и постави нов услов!

Атмосферата во Манчестер јунајтед не е ниту блиску до добра, откако лошо ја почнаа сезоната во Премиерлигата, па досега имаат запишано дури три порази во седум одиграни кола.

„Црвените ѓаволи“ се наоѓаат во голема резултатска криза, која доколку не се реши набрзо би можела да му направи дополнителни проблеми на тренерот Жозе Мурињо, кој се наоѓа пред отказ, а исто така има проблеми и со некои играчи.

Караницата помеѓу Мурињо и Погба се „разгоре“ минатата недела на тренинг кога Португалецот не се поздрави со Французинот. Тоа на Погба не му се допадна и јасно е дека има голем нетрпеливост во клубот.

Англиски „Сан“ пишува дека Погба ја отворил душата на своите пријатели и им објаснил како се чувствува.

Извор близок до Јунајтед откри за англиските медиуми дека Погба сигурно ќе го напушти клубот во јануари доколку Мурињо остане на тренерското место.

Францускиот играч се поврзува со Барселона, а наводно на управата на клубот им кажал дека мора да бираат помеѓу него и Мурињо.