Дефанзивец во одбрана на Мурињо: Ние сме виновни за поразите, а не тренерот!

Манчестер јунајтед игра катастрофално сезонава, па по поразот од Вест хем почнаа шпекулации дека Жозе Мурињо дефинитивно ќе го напушти клубот.

Сепак, и покрај големиот број критики и желби на многумина Мурињо да добие отказ, дефанзивецот на „црвените ѓаволи“, Лук Шо, кажа дека не е проблемот во тренерот.

„Ако ја сакате вистината, тогаш мора да признаам дека игравме катастрофално против Вест хем. Не игравме како тим и бевме ужасни. Ова не е доволно добро и мора да им се извиниме на навивачите. Ние сме виновни за лошите резултати, а не е тренерот“, кажа Шо.

И покрај тоа, навивачите на Јунајтед сметаат дека главен виновник за лошата форма на екипата е токму Португалецот, а тоа го покажаа и преку анкета направена преку социјалните мрежи.