Газдата на ФЦСБ отпиша двајца фудбалери по поразот од Шкендија (ВИДЕО)

Контроверзниот бизнисмен Џиџи Бекали отпиша двајца фудбалери на ФЦСБ по поразот од Шкендија во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Романскиот медиум „ДигиСпорт“ објави дека Бекали наредил да бидат заменети Дариус Олару и Раду Шут во 63. минута, а на нивните места на теренот влегоа Овидиу Периану и Мариус Стефанеску.

Периану и Стефанеску разочараа до крајот на натпреварот, по што Бекали одлучи дека повеќе нема место во составот за нив двајца.

„Периану и Стефанеску немаат место во овој тим. Тие ќе бидат избришани од списокот за европски натпревари“, кажа Бекали.

 Реваншот меѓу ФЦСБ и Шкендија се игра на 30 јули од 19.30 часот во Букурешт.