Фудбалскиот сојуз на Косово побара од УЕФА казна за Србија

По натпреварот помеѓу Србија и Англија во првото коло од групата „Ц“ на Европското првенство видовме ситуација во која новинарот Арлинд Садику со „албански орел“ ги провоцираше српските навивчаи додека програмата одеше во живо.

Фудбалскиот сојуз на Србија испрати протесна нота до УЕФА барајќи на споменатиот новинар да му се одземе акредитацијата.

Откако УЕФА отвори истрага против него, се огласи и Фудбалскиот сојуз на Косово кој одлучи да го возврати ударот и да ти тужи Србите во Европската куќа на фудбалот.

„Фудбалскиот сојуз на Косово ја известува јавноста дека официјално реагираше кај УЕФА поради прикажување  знамиња, слогани и шовинистички и расистички пораки од српските навивачи. Прикажување на такви пораки на еден голем настан како Европското првенство е неразумно и апсурдно. ФФК испрати жалба  со неопходните докази до УЕФА и бара преземање дициплински мерки против Фудбалскиот сојуз на Србија“, стои помеѓу другото во соопштението од Косово.