Косовски новинар „леташе орли“ пред илјадници Срби додека известуваше во живо (ВИДЕО)

Косовскиот спортски новинар, Арлинд Садику, неочекувано се најде во центарот на вниманието на јавноста иако неговата селекција не игра на ЕП 2024, откако се обиде да ги испровоцира српските навивачи во Гелзенкирхен.

Тој пред стартот на средбата помеѓу Англија и Србија покажа двоглав орел во правец на трибините каде беа сместени илјадници српски навивачи. Тоа го направи додека известуваше во живо, што наиде на одобрување кај неговите гледачи, што секако и му беше целта.

Во текот на целиот вчерашен ден имаше судири на улиците во Гелзенкирхен и германската полиција имаше полни раце работа. Се степаа навивачите на двете селекции, а српските медиуми пишуваат дека во целиот хаос биле вклучени и албанските навивачи.

Англија со голот на Џуд Белингам дојде до минимална победа на арената во Гелзенкирхен.