Фудбалер на Интер исфрлен од репрезентацијата поради расизам!

Италијанскиот фудбалер Франческо Ачерби денеска ја напушти репрезентацијата откако беше обвинет дека во неделата расистички го навредувал Хуан Жесус од Наполи.

Фудбалската федерација на Италија соопшти дека Ачерби ја кажал својата приказна за инцидентот и немал намера да го навреди Ачерби.

Серија А соопшти дека извештајот на судијата ќе биде објавен во вторник и се очекуваат повеќе детали за тоа кога ќе биде почната истрага против Италијанецот.