
Еден, ама злато вреден: Црвена звезда со малку среќа ја освои Тирана (ВИДЕО)
Албанците имаат што да жалат, бидејќи создадоа неколку изгледни шанси за погодок, но не реализираа, по што стигна казната. Победничкиот гол за црвено-белите го постигна Томани во 62. минута, по одличниот центаршут од корнер на Катаи. Тирана имаше одлична можност и во самиот финиш, но голманот Борјан ги спаси белграѓани.
За домашниот тим од почетокот настапија македонските интернационалци Кристијан Тошевски и Филип Најдовски. Ц. Звезда својот следен противник ќе го добие преку ждрепка, а Тирана ќе продолжи во Лига Европа.