Драма-шоу во Рим: Спасот стигна во 95. минута со гол на - голманот на Лацио! (ВИДЕО)

Лацио се спаси од пораз од Атлетико Мадрид во 95. минута и сето тоа на најдраматичен можен начин со гол постигнат од - голманот!

Како што често се случува при негатива, во последните мигови од мечот, голманот на екипата која губи отиде во противничкиот шеснаесетник со надеж да помогне. Овој пат, Иван Проведел и тоа како беше ефективен, постигнувајќи гол со глава во 95. минута, користејќи го невниманието на одбраната на Атлетико.

Со тоа, 27-годишниот Проведел стана првиот голман кој се запишал како стрелец во Лигата на шампионите по Венсан Ењеама во 2010 година.

Претходно, Атлетико водеше со голот на Бариос уште во 29. минута.