Десет фудбалери имаат по пет пехари, а нема клуб потрофеен од нив во ерата на ЛШ! (ФОТО)

Реал Мадрид доминира во најпрестижното европско фудбалско натпреварување, поранешниот КЕШ, сегашната Лига на шампиони, откако дојде до 14-та европска титула и има двојно повеќе од најблискиот ривал на вечната листа Милан кој има седум.

Но, ако се земе периодот во овие три децении откако КЕШ се реформира во ЛШ, па престижното натпреварување доживеа гигантски напредок во мултимилионско натпреварување, Реал Мадрид има осум трофеи од осум финалиња и нека клуб кој му е рамен. А, дури десет фудбалери имаат по пет освоени пехари, во оваа модерна ера од 1993 година после првата сезона од реформите со ЛШ во 1992/93.

Лука Модриќ, Касемиро, Тони Крос, Герет Бејл, Карим Бензема, Дани Карвахал, Иско, Марсело и Начо синоќа му се придружија на досега неприкосновениот Кристијано Роналдо и сите тие, вкупно десетмина имаат по пет трофеи. Од нив, само Роналдо и Крос имаат по еден пехар кој не го освоиле со Реал, Роналдо од 2008 година со Манчестер јунајтед, а Крос од 2013 година со Баерн Минхен. Останатите сѐ што освоија им е со Реал.

А, најинтересно од сѐ е што во оваа три децениска ера на ЛШ, нема клуб кој е потрофеен од овие клубови. Најмногу пехари од 1993 година наваму има Барселона со четири од своите пет, а вториот и третиот најтрофеен на сите времиња, Милан односно Баерн Минхен имаат по три.

Ако севкупно се гледаат пехарите, само три клуба, без Реал Мадрид се потрофејни од десетмината величенствени на листата на освојувачи, Милан со седум, Баерн и Ливерпул со по шест. Барселона со пет има ист број на освоени пехари како оваа десеторка.