Четири гола на Иличиќ за четвртфинале на Аталанта, Лајпциг му удри шлаканица на Тотнем (ВИДЕО)

Вечерва ги добивме првите четвртфиналисти во Лигата на шампиони, а историска вечер имаше Јосип Иличиќ, кој со четири погодоци ја водеше Аталанта до триумф од 4-3 против Валенсија и пласман во следното коло, додека Лајпциг на домашен терен славеш со 3-0 против Тотнем и го елиминираше минатогодишниот финалист.

Иличиќ од пенал донесе водство уште во трета минута за Аталанта, по што Гамеиро израмни на 1-1 во 21. минута, но Иличиќ повторно погоди за водство од 2-1 за италијанскиот клуб.

Во второто полувреме Гамеиро и Торес стрелаа за Валенсија и целосен пресврт (3-2), но јасно беше дека тешко ќе се врати шпанската екипа во мечот, по што следеше шокот во завршницата и уште два погодци на Словенецот за конечни 4-3.

Лајпциг не дозволи изненадување од ослабениот Тотнем, па по само 21 минута и два гола на Сабицер беше јасно дека германскиот тим е со една нога во четвртфинале, додека пласманот во следното коло го потвди Форсберг во 87. минута.