Нова опција за Влаховиќ: Може да заврши и во Премиер лигата!

Се уште не е познато каде Душан Влаховиќ ќе игра во наредната сезона, а според последните информации како опција сега се појавила и Премиер лигата.

Влаховиќ во изминатиот период се поврзуваше со Милан, посебно откако Алегри со кого српскиот напаѓач соработуваше вво Јувентус седна на клупата на „росонерите“.Но

Но, според последните информации од Островот, Нотингем Форест стапил во контакт со Влаховиќ и сака да го доведе со цел да им помогне во битките на два фронта наредната сезона во Премиер лигата и Лигата на Европа.

Се потсетува и дека Влаховиќ и во минтото се поврзуваше со клубови од Островот како: Челси, Арсенал и Манчестер јунајтед, но до нешто конкретно тогаш не дојде.  

Единствената понуда која досега Влаховиќ дефинитивно ја одбил е преселба во редовите на Фенербахче.