Гатузо ќе ја води Италија со тим од поранешни светски и европски шампиони

Веќе нема никакви дилеми дека Џанаро Гатузо ќе биде новиот селектор на италијанската репрезентацијата, а прв од таборот на Италија кој тоа го потврди е поранешниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон.

Буфон има улога на тим менаџер на репрезентацијата и како што вели, Гатузо бил најдоброто решение.

„Робетевме и сега ги чекаме завршните детали. Претседателот и Сојузот имаа неколку прилично интезивни денови исполнети со разни состаноци. На крај мислам дека Гатузо е најдоброто решение“, изјави Буфон.

Гатузо околу себе ќе собере поранешени светски и европски шампиони со кои ќе се обиде да ја врати италија на победничките патеки. Според најавите, Леонардо Бонучи кој во овој момент е дел од стручниот штаб на репрезентацијата до 20 години, треба да му биде прв помошник.

Втор помошник би требало да биде уште еден поранешен дефанзивец, Андреа Брзаљи кој со Италија го освои Мундијалот во 2006 година. Исто така дел од стручниот штаб треба да биде и Џанлука Замброта кој е без ангажман во последните седум години.

Позицијата технички директор треба да ја пополни поранешниот селектор на Италија, Чезаре Прандели.