
Коман се запиша во историјата - прв стрелец на Светското клупско првенство! (ВИДЕО)
Вчерашниот меч меѓу Ал Ахли и Интер Мајами заврши без голови, па денеска го видовме првиот гол на натпреварување.
Него го постигна Кингсли Коман со глава кој погоди за водство на Баерн против Оукленд Сити од 1-0.
Името на Коман ќе биде запишано како прв стрелец во историјата на Светско клупско првенство од овој формат.