
Бронзата за Нант, Барса на последното место го заврши Ф4 турнирот во Келн!
Нант имаше одличен почеток на мечот кој на крајот се покажа и како клучен за победата. Францускиот тим поведе со 3-0, Барселона успеа да се врати и да израмни на 4-4, но следуваше нова серија на Нант кој поведе со 8-4. До крајот на првиот дел зголемија за уште еден погодок и на одморот се замина со предност за нив од 14-9.
Таквата предност од пет голови разлика Нант ја одржа и во вториот дел, конечниот резултат гласеше 30-25 за францускиот тим.
Најефикасен кај Нант беше Одриозола со шест постигнати голови, кај Барса, Ричардсон беше најрасположен за игра и постигна осум погодоци.
Во денешното финале од Лигата на шампионите ќе се сретнат Фуксе Берлин и Магдебург, тој меч почнува од 18 часот.