
Сега е официјално: Гатузо е нов селектор на Италија
Веста ја објави Фудбалската федерација на оваа земја која соопшти дека презентацијата на Гатузо ќе се одржи на 19 јуни.
„Гатузо е симбол на италијанскиот фудбал, дресот на нашата репрезентација е негова втора кожа. Мотивацијата, професионализмот и искуството ќе му бидат основа за следните репрезентативни предизвици“, изјави претседателот на Федерацијата, Габриеле Гравина.
Како играч, Гатузо забележа 73 настапи за „аѕурите“ и ја освои светската титула на Мундијалот во Германија во 2006 година. Сепак, ова ќе му биде прво селекторско искуство тренерската кариера откако претходно, на клупско ниво ги водеше Милан, Наполи, Валенсија, Марсеј и Хајдук. Италијанските љубители на фудбалот не се воодушевени од изборот на Гатузо имајќи предвид дека тој нема многу успеси како тренер, но се надеваат дека тоа ќе се смени во репрезентацијата која не бара секојдневен ангажман.