
Луксуз на максимум: Играчите на Реал сместени во хотел каде ноќевање е 8.000 долари (ФОТО)
За база на екипата во текот на групната фаза е избран хотелот our Seasons Resort Palm Beach каде луксузот се гледа на сите страни. Станува збор за еден од најексклузивните хотели во САД каде цената за ноќевање достигнува и 8.000 долари. Нормално дека Реал не би избрал нешто подолу од ова, хотелот нуди приватни кабинни покрај базените, елитен спа центар, бројни спортски активности како тенис, кајак, падел, сурфање и риболов, а особено внимание привлекува ресторанот со три ѕвезди на Мишелин.
За време на Светското клупско првенство, Реал ќе одигра во Мајами само еден натпревар и тоа првиот, против Ал Хилал на 18 јуни, но и покрај тоа клубот одлучи базата да биде на Флорида. Останатите два меча, против Пачука и Салцбург ќе ги игра во Шарлот, односно Филаделфија.