
Мурињо го врбува Сон да се пресели во Фенербахче, но Тотнем бара многу пари!
Наводно, по разговорот со Мурињо, Сон прифатил преселба во Фенербахче, проблем е Тотнем кој бара 30 милиони евра што е сериозна сума за турски фудбалски клуб.
Сон, но и голем дел од другите фудбалери на Тотнем се разочарани од потегот на раководството да го отпушти Анже Постекоглу и покрај освоениот трофеј во Лига Европа и пласманот во Лигата на шампионите.
Ситуацијата во Тотнем не е розева, тоа го знае Мурињо, па се обидува да го искористи овој момент и да дојде до мега засилување од таму.