
Чеферин призна: Ако не продолжиме до крајот на јуни, сезоната ќе биде загубена!
Првиот човек на УЕФА кажа дека здравјето е на прво место, а има и неколку предлози за комплетирање на сезоната.
„Во овој драматичен момент најважно е здравјето на луѓето и победување на кризата. Не знаеме како ќе се однесува пандемијата и кога ќе заврши, но имаме неколку планови. Во контакт сме со лигата, со клубовите, постои работна група. Мора да чекаме, како и во сите останати сектори“, кажа Чеферин.
Чеферин има неколку предлози за продолжување на првенствата.
„Можеме да почнеме на средината на мај, средината на јуни или крајот на јуни. Но, ако не успеме во тоа, тогаш сезоната најверојатно е загубена“, кажа првиот човек на УЕФА.