„Биниќ го чуваше трофејот во багажник, додека Панчев го носеше на свадба“

Црвена Звезда за роденденот на култниот стадион направи серијал „Легендите на Маракана“ во кој зборуваа дел од легендите на фудбалскиот клуб.

Синиша Михајловиќ откри многу детали од својот престој во Ц. Звезда и откри некои интересни моменти, како тој за трофејот од Купот на европските шампиони.

„Трофејот кој го носевме беше насекаде. Тој стоеше кај Биниќ во автомобилот, односно во багажникот. Дојде Панчев и ни кажа дека требало да го носи на свадба, а тој му го даде да го однесе во Македонија. Пехарот беше уништен, па мораа да направат нови. Овој пехар на Маракана не е оригиналниот, туку е направен повторно затоа што стариот беше уништен“, вели Михајловиќ.